Дарко Панчев со Здравко ќе се журка на неговиот скопски концерт!

182

Македонската фудбалска ѕвезда Дарко Панчев неодамна при средбата со музичката легенда Здравко Чолиќ кој во Скопје пее на 15 јуни, се потсети на убавите времиња од 1991 година кога се играше големото финале меѓу Црвена звезда и Марсеј, а тој го постигна решавачкиот пенал и му обезбеди на својот тим европска титула. Панчев објасни и за наводно некои местенки, бидејќи таков фер систем без местенки, овозможил претседателот на Фудбалскиот сојуз на Југославија и селектор на тогашната репрезентацијата на СФРЈ Миљан Миљаниќ.

– Со таквиот систем немало никакви можности да се наместат натпреварите. Тој систем на Миљаниќ беше одличен. Може да се применува и денес! Преку неговиот систем се спречуваа местенки, затоа што некој од тимовите сигурно ќе останеше без бодови. Од другата страна на гледачите им беше интересно, па остануваа до крај да ги гледаат пеналите. Покојниот Миљаниќ одлично го имаше смислено тоа, вели Панчев. Здравко и Дарко потоа си ги размениле дресовите, заминале и на заеднички ручек, а сите свои фанови ги поканиле на концертот на Чолиќ на стадионот “Тоше Проески“ да го прослават и завршувањето на учебната година, и доаѓањето на летото. Здравко и Дарко и ова лето ќе бидат на море со семејството, во соседна Грција, а потоа… потоа, до есен има време. Најпрво, журката на скопскиот стадион! Не е мала работа….но е голем концерт!  Д.М.  /foto>>VECER/vecer.press/