Нови вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград.
Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, пренесува “Независен”не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и во кои здравствени домови и градови. Проверка се правеше и на целата документација на компанијата „Македонија лек“, која е увозник и дистрибутер на вакцината МРП до здравствените домови.