Отказ за паметење: Вработен во Твитер „растури“ на интернет-снимаше како си заминува/ВИДЕО

1480

Вработен во Твитер реши да го сними моментот кога си заминува од компанијата по давањето отказ, како многу негови колеги, кои по доаѓањето на Маск на чело на платформата, не го поддржаа неговиот ултиматум.

Имено, Маск ги услови вработените „да работат хардкор, или да си заминат од компанијата“, ултиматум кој за многумина од Твитер беше неприфатлив, а тука се вброи и Мет Милер чие видео достигна над милион прегледи.