Отворено детско игралиште пред влезот на Клиниката за детски болести

16

Отворено детско игралиште пред влезот на Клиниката за детски болести. Игралиштето е изградено од Американската невладината организација ЛинкАкрос, во партнерство со софтверската компанија Армедиа, и Клиниката за детски болести.

Во изградбата учествуваа вработени од Армедиа, како и други волонтери. Игралиштето е изградено од природен и квалитетен материјал и ќе биде прекрасно место за разонода на дечињата и нивните семејства додека ја посетуваат болницата.

Ова игралиште е второто од ваков тип изградено во партнерство меѓу ЛинкАкрос и Армедиа. Минатата година заедно реализираа сличен проект во основното училиште” Кирил и Методиј” во Стајковци.