Мостот во Патра се урнал врз Роми засолнети од жештината: „Падна врз нас, ме спаси чудо!“/ВИДЕО

1713
Фото: screenshot National Independent Twitter

Дел од мостот на влезот во грчкиот град Патра денеска се урна, а извештаите укажуваат дека најмалку едно лице загинало, а осуммина повредени се пренесени во болница.

Претходно тој мост имаше проблеми со статиката, поради што, како што беше соопштено, работите на неговата санација почнаа во 2021 година. Најмалку еден загинат и осум повредени, од кои некои се во критична состојба – Полицијата со специјално тренирано куче е на терен.

Станува збор за мост во близина на ромската населба, на Периметрика Одос Патра, на 205-тиот километар од националниот автопат Атина-Патра.

Според извештаите на локалните медиуми, група Роми биле под мостот барајќи засолниште од жештината кога структурата паднала врз нив.

– Тие се мртви. Бев и јас таму долу, јас и брат ми. Изнесувавме старо железо и мостот падна врз нас – изјави очевидец, кој бил на лице место кога се урна мостот во населбата Бозаитика.

– Побегнав од чудо, бев во ќош – вели тој, но тврди дека долу во урнатините има мртви. Според ЕКАВ, веќе има еден загинат и 8 повредени, кои се префрлени во Универзитетската болница во Рио и во „Агиос Андреас“ во Патра.

Прекин на сообраќајот кон Атина
Сообраќајот на возила е веќе во прекин на широката обиколница на Патра, во сообраќајот кон Атина. Покрај тоа, сообраќајот на возила беше прекинат на улицата Диодору во Патра.

ЕКАБ работи со пет амбулантни возила и мобилна медицинска единица на лице место. КЕПИ ЕКАВ ги стави во зголемена готовност Универзитетската општа болница во Патра во Рио и Општата болница во Патрас „Агиос Андреас“. Во моментов во ПГНП во Рио се пренесени 5 лица, од кои едното е без свест и 3 лица во Г.Н. Патрас „Агиос Андреас“.

Во акцијата учествуваат десетици пожарникари, 6-та ЕМАК, како и големи полициски сили кои продолжија да го запираат сообраќајот по околните улици. На местото на трагедијата излезе и градоначалникот на Патреон, Костас Пелетидис.