Орбан: Одлуката за продолжување на санкциите против Русија треба да се одложи до инаугурацијата на Трамп

41

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на Европската унија во Брисел изјави дека „се уште треба да се размислува“ за продолжување на санкциите против Русија, кои истекуваат на крајот на јануари.

Орбан им порача на другите шефови на држави или влади на самитот во Брисел дека не сака да донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на 20 јануари, потврдија неколку учесници на самитот во Брисел.

Доколку Унгарија не се согласи на продолжување на санкциите на ЕУ, тие ќе истечат на 31 јануари.

Ова би влијаело на опсежните економски и финансиски санкции против Русија, како и симболични санкции против повеќе од 2.000 поединци и компании.

ИЗДВОЕНИ