ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА: Комуналните редари изрекоа 10 парични казни

2

Десет парични казни изрекле комуналните инспектори и комуналните редари на општина Кисела Вода во последниот квартал од оваа година. Казните во висина од 50 евра се изречени за прекршоци сторени согласно Законот за јавна чистота (оставање на градежен материјал, оставање на ѓубре, како и продажба на земјоделски производи на јавна површина).

Извршени се повеќе контроли во однос на палење оган на јавна површина при што на физичките лица им се изречени опомени. Воедно, извршени се и инспекциски надзори на градилишта при што е констатирано дека товарните моторни возила редовно ги чистат тркалата при влегување во сообраќај.

– При вршењето на инспекциските надзори, акцент беше ставен на контрола кај механичарските работилници на собирањето и предавањето на отпадното моторно масло кај овластени постапувачи. Се вршеше контрола на сендвичарници, ресторани и други објекти кои имаат обврска за собирање на отпадно масло за готвење и негово предавање кај овластени постапувачи.

Овластените инспектори усно им се укажува на правните и физичките лица за недозволените средства за затоплување кои негативно влијаат врз квалитетот на животната средина, информираа од општина Кисела Вода и најавија дека од 15 декември ќе се почне со сменско работење на комуналните редари.