Од општина Аеродром 300.000 денари за победниците на турнирот во мал фудбал

26

Во преполниот Спортски центар „Ново Лисиче” вчера се одржа финалниот натпревар на седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018″ меѓу екипите на Маг Логистик – Компанија Атанасовски. Во рамките на настанот, градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин им додели награди на победничките екипи.

На финалниот натпревар со резултат од 3 : 0 првото место и награда од 160.000 денари на турнирот го освои Компанија Атанасовски, а второто место и награда од 80.000 денари му припадна на екипата на Маг Логистик. Третото место, пак, и награда од 40.000 денари освои екипата на ТК Лока Фер Плеј во полуфиналниот натпревар против екипата на Фенербахче Кичево со резултат 3: 2.

Награди беа доделени за најдобар стрелец на турнирот Игор Стојковски, најдобар голман Едо Пелевиќ, како и најдобар играч Далибор Јовановски. На турнирот кој траеше еден месец учествуваа 32 екипи.