Од Атина за градот Скопје – иновативна социјална платформа СинАтина

89

Во Скопје Урбан Ливинг Лаб вчера се одржа презентација на платформата „Добри градски практики“ – иновативна социјална платформа – СинАтина (συνΑθηνά). Гостите од градот Атина ги презентираа резултатите и можностите на оваа социјална платформа.

Платформата СинАтина има за цел обединување на граѓанските иницијативи, групи и локалната самоуправа за да го подобри квалитетот на животот во градот Атина. СинАтина континуирано ја информира градската администрација за приоритетите на граѓаните, а преку поддршката на активностите на граѓаните, градот Атина создава нова перцепција за односот помеѓу граѓанското општество и локалната власт

Настанот беше во организација на „Лабараторијата за урбано живеење – Скопје“ (СкУЛЛ), Град Скопје и Архитектонскиот факултет, и е дел од РОЦК проектот кој е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020.