Одделението за уво, нос и грло во прилепската болница е адаптирано за пациенти со Ковид-19ти

93

Oдделението за уво, нос и грло во прилепската градска болница веќе прими десет пациенти со полесна клиничка слика на коронавирусот. Со ова се растовари притисокот на Инфективното одделение кое е полно со пациенти.

Како што информира директорот на болницата, Драган Богоески, на Одделението на третиот кат од прилепската болница на располагање се четири соби со капацитет од над 17 пациенти.

-Инфективното одделение ги исполни капацитите за сместување. Дел од пациентите се префрлени во адаптираното одделение за уво, нос и грло. И тоа, пациенти кои се со полесна клиничка слика. Ќе бидат надгледувани и нивната состојба ќе се следи од општи лекари кои се секундарни во болницата, постојано вработени, рече директорот.

Пациентите ќе бидат третирани согласно со напатствата од инфектолозите, а по потреба ќе бидат ангажирани докторите по интерна медицина, во случај да имаат срцеви и белодробни проблеми.

Богоесеки посочи дека во моментов на Инфективното одделение има сместени 24 пациенти, во делот за изолација се пет пациенти кои чекаат резултати, а на Одделението за уво, нос и грло се сместени десет пациенти со полесна клиничка слика. Значи на одделенијата во моментов имаме сместени 34 пациенти со Ковид-19 и 4 до пет пациенти кои чекаат резултати.

 

Оделението за уво нос и грло е опремено со сите основни работи. Во делот за изолација има боци со кислород, доколку на пациентите им треба кислородна поддршка. Доколку на одделението тоа им треба на пациентите, ќе бидат сместени во инфективното одделение. Во меѓувреме, со помош на прилепски фирми,  се оспособува централен довод на кислород на инфективното одделение.

-Деновиве изведувачот треба да заврши и очекуваме идната недела да се обезбеди централниот довод на кислодод во инфективното одделение кое е досегашен проблем, изјави Богоески.

Персоналот недостасува. Секое одделение има по некој позитивен на корона-вирусот. Ќе се ангажираат времено над десет медицински сестри и болничари.

-Итно мора да земеме пет до шест болничари и околу седум медицински сестри поради зголемениот обем на работа. Се обидуваме, преку Бирото за вработување да обезбедиме персонал на времен ангажман од еден месец, зашто секоја друга постапка бара време да се спроведе. Се надеваме ангажираните потоа да може да добијат договор на дело, додаде Богоески.

Инаку, според информациите од Центарот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата, во Прилеп  се направени 3 441 тест од кои пркеу 1 100 биле позитивни. Во моментов активни се преку 300 случаи. За пет се зголемени бројот на термините за тестирање.