Овие земји во Европа бараат странски работници

385

Европските земји како Германија, Хрватска, Австрија, Италија… патат од недостаток на сезонски работници. Главниот проблем е како да се пополнат сезонските работни места, бидејќи летната сезона се враќа годинава без ограничувања. Популарноста на потрагата по работници ја покажуваат рекордните бројки и големиот број огласи за вработување.

Најбарани сезонски работници во Европа се продавачи, келнери, готвачи, магацински работници, собарки…

Имено, според проценките на туристичкиот сектор годинава ќе се бараат 10 до 15 отсто повеќе вработени од лани.

Потрагата по нив никогаш не била потешка со оглед на тоа дека туризмот се враќа во сите земји без ограничувања. И сите се во проблеми како да се пополнат сезонските работни места.

Сајтовите на сезонските вработувања во Хрватска оваа година покажаа дека заинтересираните може да се пријават на повеќе од 200 огласи за вработување. Така, забележани се повеќе од 200.000 посети и повеќе од 1.200.000 прегледи на некои страници. Пристигнаа и повеќе од 7.200 апликации за одредени огласени позиции, пишува Нови лист.

Очекувано, најголем дел од огласените работни места се однесуваат на сезонска работа. Но, во значителен број огласи работодавачите нудат и можност за засновање на постојан работен однос по завршувањето на летната туристичка сезона.

Најголем интерес за пронаоѓање сезонска работа во Хрватска годинава изразија и вработените од Босна и Херцеговина, Македонија и Србија. Но, не само Хрватска има голем недостиг од сезонска работна сила. Германија годинава бара околу 50.000 странски работници, Австрија околу 40.000…

Сигурно е дека овие земји се голема конкуренција во поглед на привлекување работници. Тоа го покажува и фактот што регионалниот базен на работна сила, односно регионот кој ги опфаќа Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, веќе е практично празен и сè потешко е да се најдат работници од овие земји, пишува Нови лист.