Оваа статистика кажува дека Ферари е новиот Ф1 шампион

15

Факт е дека Ферари повеќе од една деценија чека на титула во поединечна конкуренција, односно од 2007 година кога последен шампион во црвениот комбинезон беше Кими Раиконен.

Сезонава Ферари стартуваше и повеќе од добро, извади брзина на патеките, која што им е тешко дури и на Мерцедес да ја следат во одредени сегменти од трките.

Интересен податок доаѓа од подлабоката статистика во Ф1 сезонава, односно за круговите во кои возачите биле водечки.

Интересно е тоа што Себастијан Фетел, досега има извозано 207 кругови, во кои бил прв пред сите во трка, додека сите останати заедно во лидерство на трка, заедно на првата позиција извозеле 227 кругови.