Откако вчера и завчера два пати беше одложуван почетокот на собраниската седница за финалната фаза од уставни измени, денеска во 12 пратениците ќе си дадат уште една шанса за уставните амандмани.
Премиерот Зоран Заев вчера рече дека не може да каже дека се обезбедени 80 пратеници, но и дека е подготвен да го презеде својот дел од одговорноста доколку е тоа потребно.
Пред Собранието за денеска е најавен нов протест против промена на името во организација на здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“ на кои им се приклучи и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.