Новинарите му се умилкуваат на Леброн

1
CLEVELAND, OH - JUNE 07: Kevin Durant #35 of the Golden State Warriors and LeBron James #23 of the Cleveland Cavaliers look on in the second quarter in Game 3 of the 2017 NBA Finals at Quicken Loans Arena on June 7, 2017 in Cleveland, Ohio. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and or using this photograph, User is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. (Photo by Ronald Martinez/Getty Images)

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кевин Дурант, изрази интересно мислење за тоа зошто многу играчи не сакаат да му се приклучат на Леброн Џејмс, кој моментно е дел од Лос Анџелес Лејкерс. Во летниот период, најголемата кошаркарска ѕвезда во светот потпиша четиригодишен договор со вториот најтрофеен тим на НБА.

  • Постои бучава околу Леброн, што доаѓа од другите. Има толку многу опсесивни навивачи меѓу вас новинарите. Некои од нив отворено му се умилкуваат. А ние играме кошарка и понекогаш тоа воопшто не е на агендата. И тогаш сфаќам зошто некои луѓе не би сакале да бидат во таква отровна медиумска средина. Особено кога вниманието е врз работи кои не се поврзани со играта. Не ме сфаќајте погрешно, Леброн не е виновен. Но, некои од вас се фаќаат за секој збор и го претвораат во нешто. Едноставно, оставете не да играме кошарка, изјави популарниот Кеј Ди.