Нова книга: “Лорд Морд” на Милош Урбан на македонски јазик

195

“Лорд Морд” на чешкиот писател Милош Урбан е новата книга која во издание на „Антолог“ од Скопје деновиве излезе од печат на македонски јазик.

Романот е готски трилер проткаен со булгаковски елементи на фантастика и гротеска, а доаѓа од авторот на бестселерот „Седумцкрвие“. Преводот на македонски е на Игор Станојоски.

Дејството во романот се случува при крајот на 19 век во Прага кога пламти конфликтот меѓу Чесите и Германците и кога се модернизира еврејскиот дел од градот, глодан од глувци, туберкулоза и други епидемии. На грофот Арцо, наречен Лорд Морд, му пречи што омилениот дел од метрополата му исчезнува пред очи и решава да спаси барем еден објект на тој начин што ќе го купи и ќе одбие да се исели…. Во меѓувреме почнуваат да се случуваат убиства…