Нова книга: Индијанската приказна “Оренда” на македонски

147

“Оренда” од канадскиот писател Џозеф Бојден е романот кој деновиве на македонски јазик го објави издавачката куќа “Антолог” од Скопје. Преводот на македонски е на Ѓургица Илиева.

“Книгата е прекрасна историска сага мотивирана од наследството и културата на домородните народи во Канада. Далечна зима во 17 век во Канада се случуваат брутален масакр и киднапирање на девојче од племето Ирокези, што ќе ги влоши односите меѓу овој народ и Хуроните. Хуронскиот воин – Птица решава да го посвои девојчето, чие семејство го убил во замена за своето убиено семејство. Истовремено, меѓу Хуроните живее и Кристоф, језуитски мисионер посветен на проучување на животот и на обичаите на домородното население, со желба да им го покаже на луѓето вистинскиот пат и да ги преобрати во христијани.’Оренда’ е приказна за крв и надеж, сомнеж и доверба, омраза и љубов: сага што е стара речиси четиристотини години – а сега се претвори во безвременско книжевно дело”, стои во најавата од издавачот.