НОВА КНИГА: Збирка раскази „Понор“ од Златко Ѓелески

3

„Понор“ е насловот на новата збирка раскази на авторот Златко Ѓелески, во издание на „Бегемот“. Книгата се состои од дваесет и три раскази, сместени во градот Понор, каде се преплетуваат животите на ликовите.

Алчните и користољубиви жители се олицетворение на градот, а тој е жив организам кој се прехранува со судбините на ликовите, кои се подготвени да го живеат животот според туѓите проекции за нив, трагајќи по сопствената среќа на погрешна адреса.

Во збирката читателот е патник низ крвотокот на Понор, кој се запознава со мали ликови способни за големи нешта, но во круцијални мигови на животот одлучуваат да го продадат својот спокој за инстантен успех, со краток рок на употреба…