Нова книга: “Девојките од песочниот замок” од Бохџалијан

297

“Девојките од песочниот замок” од американскиот писател Крис Бохџалијан е романот кој деновиве го објави издавачката куќа “Антолог” од Скопје. Преводот на македонски е на Елизабета Божиноска.

“Романот започнува во 1915, кога Елизабет Ендикот пристигнува како волонтер од Бостон во Алепо, Сирија. Стотици илјади ерменски жени и деца се прогонети од своите домови во Отоманската Империја, а ерменскиот геноцид го уништил семејството на младиот инженер Армен. Тој заминува од Алепо и патува во Египет за да се приклучи на британските трупи… Почнува да и пишува писма на Елизабет и полека сфаќа дека е вљубен и дека, ако не најде начин да се врати, ризикува да ја изгуби засекогаш…”, ќе посочи издавачот во најавата за романот на Бохџалијан (1962), кој е американски автор со ерменско-шведско потекло, и кој има објавено повеќе од дваесет книги.