Ник Гастер монтажерот на „Пред дождот“ доби награда за животно дело од „Синематик„

25

Во Кинотека на Македонија на 12 и 13 декември ќе се одржи третото издание на Фестивалот на филмска монтажа „Синематик“, а оваа година наградата за животно дело ќе ја понесе британскиот монтажер Ник Гастер.

Гастер е монтажер на два филмови на Милчо Манчевски – „Пред дождот“ и „Прашина“, како што ги опишува тој, амалгам на националниот револт и традиционалниот вестерн.

Тој е потпишан и на монтажата на филмовите на Теона Митевска – „Како убив светец“ и „Жената што си ги избриша солзите“. Гастер го монтираше и „Ослободување на Скопје“ на Раде Шербеџија.

Гастер нема да може да биде гостин во Скопје, поради ангажман на филм, затоа испрати порака за македонската јавност.

– Многу ми значи времето што го поминав во Македонија, работејќи и создавајќи пријатели со сите талентирани техничари и уметници од македонската филмска индустрија. Филмските луѓе сме посебна раса: го зборуваме истиот специјален јазик на соработувачка уметничка креативност што го прави животот вистински возбудлив, порача тој.

Изрази жалење бидејќи не може лично да ја прими наградата.