„Никола, Никола“ извикуваат насобраните граѓани пред судот

11

Десетици насобрани граѓани пред Кривичниот суд во Скопје, по изречената пресуда од две години затвор за Никола Груевски, почнаа да извикуваат „Никола, Никола“, „Македонија“, „Фашисти“, „Срамота“… објавуваат медиумите.  Meѓу насобраните граѓани се и поранешните градоначалници Коце Трајановски и Ивица Коневски. Основниот суд Скопје 1 пред малку во пресудата за случајот „Тенк“ пресуди двогодишна затворска казна за Никола Груевски и шест години затвор за Ѓоко Поповски. Груевски не беше присутен во судот за да ја слушне пресудата.