• ​​
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • СКОПСКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КУЛТУРА
  • LIFE
  • ЗАБАВНА
  • СПОРТ
    • ФУДБАЛ
    • КОШАРКА
    • РАКОМЕТ
    • ОСТАНАТИ СПОРТОВИ
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Претплата
  • Архива
  • Контакт
Menu
Thursday, February 21, 2019
Follow on Facebook Follow on Twitter Follow on Google+ Follow on Youtube Follow on Instagram
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Претплата
  • Архива
  • Контакт
Вечер
  • ​​
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • СКОПСКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КУЛТУРА
  • LIFE
  • ЗАБАВНА
  • СПОРТ
    • ФУДБАЛ
    • КОШАРКА
    • РАКОМЕТ
    • ОСТАНАТИ СПОРТОВИ
  • Home
  • СКОПСКА • ТОП
  • Не се мачете со возило од Карпош до Автокоманда, фатете авион до Истанбул за исто време ќе стигнете!
СКОПСКА, ТОП

Не се мачете со возило од Карпош до Автокоманда, фатете авион до Истанбул за исто време ќе стигнете!

18 November, 2018
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+

Три клучни сообраќајници месецов беа или уште се во градежни активности поради што градот е целосно закочен. Во Центар повеќе не е во функција Јужен булевар сообраќајница преку која скопјани од Карпош и Центар возеа кон Аеродром и Кисела Вода. Во Бутел се гради булеварот Христијан Тодоровски Карпош, а се работи и на неколку помали улици, а пред само неколку дена се работеше и на Партизанска. Со протестите пред Собрание, Скопје стана град невозможен за возење.

Невидени гужви, семафорите светат зелено, но нема никаква проодност на сообраќајот. Ваквата слика стана секојдневие по скопските улици особено кога граѓаните доаѓаат и заминуваат од работа. Километарските колони, пак, освен што го отежнуваат сообраќајот при што се случува и по саат време да се вози од Карпош до Центар или од Центар до Аеродром, стоењето во место со автомобилот дополнително го загадува и така затруениот воздух. Причината за сообраќајниот метеж граѓаните ја лоцираат во градежните активности на неколку клучни сообраќајници во главниот град, па жителите се принудени да вртат од подалечни места за да стигнат до дома. Дел од причината велат е и покрај тоа што се затворени клучни булевари, сообраќајот се пренасочува на сообраќајници кои не можат да одговорат на метежот, па возачите се принудени по неколку пати да вртат кругови за да стигнат до дома.

– Од Карпош 3 до Автокоманда возев 50 минути. Колоните по два километри, гужви, семафорите светат зелено, но не е проодно. Се гради нешто на секој метар, а паркинг оди најди, вели изреволтиран скопјанец.

– Живееме во Центар и решивме да ручаме во Ѓорче. Закажавме по телефон за 15 минути колку што ни треба да стигнеме да биде готово јадењето, а ние 50 минути возевме и не стигнавме ниту до половина пат. На крај се откажавме им се извинивме во кафаната и се вративме дома, вели Јована од Центар.

Три клучни сообраќајници месецов беа или уште се во градежни активности поради што градот е целосно закочен. Во Центар повеќе не е во функција Јужен булевар сообраќајница преку која скопјани од Карпош и Центар возеа кон Аеродром и Кисела Вода. Сега се принудени да возат само по улицата Јордан Мијалков или во хаосот низ центар. Оваа сообраќајница што треба да биде подземна нема да биде во функција најмалку шест години со што е пренасочен голем дел од сообраќајот.

Истовремено на крајот на булеварот Св. Климент Охридски и почетокот на булеварот Мајка Тереза што води кон Државна болница од лево е ископана огромна дупка што е проблем за возачите бидејќи пешаците се движат по коловозот.

Од Град Скопје велат дека во моментов Градот Скопје работи на повеќе локации каде се извршуваат градежни работи за реконструкција на коловоз, изградба на вело патеки и други инфраструктурни проекти.

– Најголемите активности се втората фаза од изградбата на бул. Христијан Тодоровски Карпош, во Бутел проширувањето на бул. Босна и Херцеговина што ги поврзува Бутел и Шуто Оризари. Ова се капитални инфраструктурни проекти и нивната реализација ќе трае подолго. Паралелно, се работи и на изградба на атмосферска канализација на дел од улицата Бутелска, на потег од улицата (кај Солопром) до раскрсницата со улицата „Александар Урдаревски“, каде треба да се поврзе со канализацијата на оваа улица, согласно потпишаниот договор изнесува 6 месеци, но согласно динамика очекуваме градежните работи да завршат порано, велат од Градот.

Месецов се реконструираше и булеварот „Партизански одреди“ од мостот „Обединети нации“ до кружниот тек кај Порта Влае, како и улицата “Ацо Шопов” во Карпош, а се работи на нив или ќе се работи и на улиците „Брадфордска“ и „Лондонска“ во Карпош, улицата „Антон Попов“ во Кисела Вода. Реконструкцијата на Партизанска дополнително го направи невозможно возењето кон Ѓорче Петров и околните места.

Претходно започна и втората фаза од проектот за изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел. Освен градежните активности, организираните протести пред Собранието секој ден во 17 часот дополнително ги наелектризираа возачите кои поминуваат по оваа рута. Сите активности пак предизвикаа наместо за 15 минути колку што реално биле претходно релациите да се вози до истото место и по саат време.

(С.М.)

Previous ArticleКОЈ Е ВО ПРАВО: Пробиен нов пат на Водно или порамнет е теренот за пристап до село Грчец?
Next ArticleПапата Франциско: Не треба да се игнорираат ониe кои „животот ги расфрла на сите страни“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

  • КОШАРКАСПОРТТОП

    Кошаркарите „преживеаја“ во Романија

  • МАКЕДОНИЈАТОП

    ОЈО: Закани за возачот на автобусот од несреќата кај Ласкарци

  • МАКЕДОНИЈАТОП

    Миле Јанакиески претепан во Шутка, со повреди завршил и Спире Ристовски

  • МАКЕДОНИЈАТОП

    Најсериозниот кандидат во СДСМ не поминува кај Албанците

  • МАКЕДОНИЈАТОП

    Лајм: Миле Јанакиески претепан во затворот Шутка?

  • СКОПСКА

    Засади дрво, засади цвет за поубав свет во ОУ ,,Живко Брајковски,,

Ad

ШТОТУКУ ОБЈАВЕНО

  • На Мицкоски не му дозволија да го види Јанакиески во ГОБ „8-ми септември“/Видео
  • Кошаркарите „преживеаја“ во Романија
  • Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
  • Урната статуата на полски свештеник поради обвинение за педофилија
  • ГОБ „8-ми Септември“: На Јанакиески не му се констатирани телесни повреди

Насловна

  • Број 16.964

    Број 16.964

Фото на денот

  • Мал одмор

    Мал одмор

Фељтон

  • ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Горги Павлов Лазаров (33)

    ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Горги Павлов Лазаров (33)

ТОП 3 ВЕСТИ

  • На Мицкоски не му дозволија да го види Јанакиески во ГОБ „8-ми септември“/Видео
  • Кошаркарите „преживеаја“ во Романија
  • Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист

Архива

  • February 2019
  • January 2019
  • December 2018
  • November 2018
  • October 2018
  • September 2018
  • August 2018
  • July 2018
  • June 2018
  • May 2018
  • April 2018
  • March 2018
  • February 2018
  • January 2018
  • December 2017
  • November 2017
  • October 2017
  • September 2017
  • August 2017
  • June 2017
  • February 2017
  • January 2017
  • December 2016

ПОВРЗАНИ

МАКЕДОНИЈА

На Мицкоски не му дозволија да го види Јанакиески во ГОБ „8-ми септември“/Видео

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не успеа да го посети Миле Јанакиески кој денес беше нападнат во притворското одделение во Истражниот

Posted on 21 February, 2019
КОШАРКАСПОРТТОП

Кошаркарите „преживеаја“ во Романија

Македонската кошаркарска репрезентација се пласираше во главната фаза од квалификациите за Европското првенство во 2021 година, иако на гостувањето во Плоешти

Posted on 21 February, 2019
Follow us on Instagram

НАЈНОВИ ВЕСТИ

  • 21 February, 2019
    На Мицкоски не му дозволија да го види Јанакиески во ГОБ „8-ми септември“/Видео
  • 21 February, 2019
    Кошаркарите „преживеаја“ во Романија
  • 21 February, 2019
    Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист

Вечер на Social Media

  • Facebook
  • Twitter
  • Google+
  • Instagram
  • YouTube

КОНТАКТ

  • Редакција: 3219-650
  • Маркетинг: 3219-652
  • E-mail: info@vecer.press

КАТЕГОРИИ

  • LIFE(2,385)
  • БАЛКАН(3,794)
  • ВИДЕО(6)
  • ЕКОНОМИЈА(7,257)
  • ЗАБАВНА(2,272)
  • КОЛУМНИ(136)
  • КОШАРКА(1,353)
  • КУЛТУРА(3,819)
  • МАКЕДОНИЈА(15,242)
  • ОСТАНАТИ СПОРТОВИ(2,289)
  • РАЗНО(2,660)
  • РАКОМЕТ(1,157)
  • СВЕТ(6,117)
  • СКОПСКА(2,909)
  • СПОРТ(7,412)
  • ТОП(4,483)
  • ФУДБАЛ(3,865)
© Вечер Прес, сите права задржани
Сите содржини и објави на vecer.press се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.
Редакцијата на vecer.press не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Oбјавените содржини се авторска сопственост на vecer.press