Не знам дали ќе останам во Реал (М)

4

Најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, го освои петтиот трофеј во Лигата на шампиони, но по дуелот во Киев приреди вистински шок за раководните лица и за најверните фанови на старо-новиот европски клупски шампион, тимот на Реал (М).

Португалскиот интернационалец предизвика “земјотрес” во фудбалскиот свет со изјавата дека не знае дали и во новата сезона ќе го носи дресот на “кралскиот клуб” и додаде дека во следните неколку дена ќе ја донесе конечната одлука кога е во прашање неговата клупска иднина.

  • Би било убаво кога би останал во Мадрид и во наредната сезона. Сега не можам да кажам ништо повеќе, во следните денови ќе ја соопштам одлуката за мојата иднина, изјави Роналдо.

Со ваквиот потег, Роналдо ги подгреа шпекулациите дека е можно да направи кам-бек во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.