Несоницата отвори нова побарувачка на кинескиот пазар на трудот:Асистент за спиење

65

Бидејќи несоницата станува ноќна мора за многу Кинези, се појави нова професија наречена „асистент за спиење“ која ќе им помогне да заспијат за време на долгите непроспиени ноќи, пренесува Ксинхуа.

Дваесет и тригодишниот Шен Је дење работи како административен работник во државно претпријатие, но навечер работи како помошник за спиење.

Откако на клиентите им наплаќа стотици јуани на час, Шен презема важна задача што перниците, ароматичните производи и лековите не можеа да ја остварат – да ги натера неговите клиенти да заспијат што е можно побрзо.

„Јас ја работам оваа работа повеќе од две години за да заработам дополнителни пари“, рече Шен.

Тој рече и дека побарувачката на пазарот е огромна и дека „никогаш не му недостигаат клиенти“.

Несоницата погодува повеќе од 300 милиони луѓе во Кина, според извештајот објавен од Кинеското друштво за истражување на спиењето во 2021 година.

Тајната на Шен е неговиот пријатен глас и искуство. Тој најчесто работи така што им раскажува приказни на клиентите и разговара со нив.

На страницата, асистентите за спиење се класифицирани во неколку категории, врз основа на сеопфатни проценки.

Така, цената на едночасовниот разговор може да варира од 50 јуани (околу седум американски долари) до 310 јуани.

За 18-годишната Су Ксијао, исто така асистент за спиење, работите се малку поинакви.

„Ова го направив чисто од досада и љубопитност“, изјави Су.

Таа наплатуваше само 15 јуани од ноќ. Нејзини клиенти се претежно млади луѓе кои мачени од работниот или животниот стрес, многу тешко заспиваат.

Су додаде дека еден од нејзините клиенти, кој порано бил буден до три часот наутро, сега успева да заспие на полноќ откако ја користел нејзината услуга четири последователни дена. Содржината на нејзината услуга е слична на онаа на Шен, вклучувајќи разговор и читање приказни.

Податоците објавени од фирмата за истражување на пазарот iiMedia Research покажуваат дека вкупната големина на пазарот на „економијата за спиење“ во земјата порасна од околу 262 милијарди јуани во 2016 година на приближно 378 милијарди јуани во 2020 година, а се очекува да достигне трилион јуани во 2030 година.