Нема подобар напаѓач од Бензема

16

Претседателот на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Флорентино Перез, го насмеа фудбалскиот свет со изјавата дека „кралскиот клуб” нема потреба од нов напаѓач затоа што веќе го има на располагање најдобриот напаѓач на денешницата – Карим Бензема.
Првиот човек на Реал (М) никогаш нема сокриено дека е голем фан на Бензема. Перез секогаш застануваше во одбрана на напаѓачот кој имаше проблем со законот и ефикасноста. Во последното интервју кое го даде за „Франс Фудбал“, Перез откри дека не планира да потроши астрономна парична сума на нов напаѓач затоа што Реал (М) веќе ја има најдобрата 9-ка во светот.

  • Од секогаш сум инсистирал на тоа дека во Реал (М) треба да играат најдобрите играчи, да го имаме најдобриот тим. Така и сега мислам. Со години слушам и читам дека Реал (М) мора да купи нова 9-ка. Ние веќе имаме таков играч. Бензема е најдобриот напаѓач на денешницата, а јас имам задача да ги ангажирам најдобрите млади фудбалери кои ќе бидат иднината на Реал (М). Такви играчи се Винисиус и Родриго, изјави Перез.