Неимар со брутална порака ја уништи српската старлета

1

Ударна вест во летото 2014 година беше дека српската старлета Сораја Вучелиќ имала кратка авантура со бразилскиот фудбалер Неимар. Со денови читавме за тоа дека славниот спортист „одлепил“ по неа кога ја запознал на Ибица. Оваа „романса“ до ден денеска имаше неколку приказни, а што навистина се случило меѓу нив се уште не се знае.

Меѓутоа, Неимар по повод пишувањата во медиумите и секс – скандалите со многу девојки се огласи на социјалните мрежи и искоментира во свој стил.

  • Доколку сите приказни околу овие девојки со кои ме спојуваа се точни, ќе мораше да живеам во земја која би ми дозволила десет жени, напиша Бразилецот откако светските медиуми повторно ја отворија темата со српската старлета и него.

Многумина коментираа дека со оваа постапка ја исмејувал Сораја, која во тие моменти тврдеше дека спиела со брзоногиот Бразилец.