Жорге Мас, ко-сопственикот на моментално најпознатиот клуб во американската МЛС лига, Интер Мајами, откри дека ќе се обиде да ги осигура и услугите на бразилскиот интернационалец Неимар. Како што изјави Мас спектакуларниот трансфер би се реализирал следното лето само доколку Неимар стави крај на соработката со Ал Хилал. Доколку се пресели во Мајами, Бразилецот повторно ќе соработува со Лионел Меси и со Луис Суарез.