
Се погласни се шпекулациите дека аргентинскиот интернационалец од редовите на калчолигашот Рома, Пауло Дибала, планира да ја промени средината за време на летниот преоден рок. Крилниот напаѓач повеќе не крие дека е незадоволен од фактот дека неговиот тим игра под очекуваното ниво во актуелната сезона и затоа ќе си замине доколку Рома не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.