На денот на албанското, гореше македонското знаме!

907

Денот на албанското знаме, кој требаше да се обележи со културна почит кон националниот симбол на еден народ, за жал остави нецивилизирана дамка, со пукање од непознато оружје, нелегална пиротехника, сообракајни прекршоци, искршени автомобили, скрнавење на соживотот.

Сè почна од попладневните часови кога колона од возила со развиорени албански знамиња се движеа кон веќе познатите точки во градот каде што се одвиваат националните прослави, плоштадот „Скендер бег“, Чаир и Бит пазар. По тапаните и зурлите, прославата отиде во друг правец па почнаа рафалите, националистичките пароли, сè до инцидентот со кинење и шлајфување со автомобил врз македонското знаме. Подоцна на социјалната мрежа Твитер се појавија видеата, на кој освен вандализирањето се гледаа и полициски комбиња кои очигледно не интервенираа. И кумановската полиција евидентираше инциденти за време на прославата, привеле дваесетгодишен жител на Липково поради непочитување на наредби од законот за безбедност во сообраќајот. Дел од граѓаните на социјалните мрежи, сведочеа за искршени ретровизори на паркирани автомобили

Полицијата уапси осуммина млади луѓе, кои на Денот на прославата на албанското знаме во Скопје го палеа и газеа знамето на државата во која живеат, македонското. Приведено е момчето, облечено во бела блуза и црни пантолони, кое на снимките од социјалните мрежи се гледа како го кине државниот симбол, а уапсено е и лицето што на снимките се гледа како го пали македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги повика сите кои поседуваат снимки, фотографии или сознанија за инцидентите на кои се сквернавеше знамето да пријават во полициска станица. Истрагата не е завршена и ќе се проширува и кон други лица, најави МВР од каде што до јавниот обвинител засега поднеле кривични пријави против четворица, за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, дело за кое е предвидена затворска казна од една до пет години. Останатите четворица, пак, ќе одговараат прекршочно, за учество во тепачка. Уапсените кои според полицијата се на возраст од 18 до 21 година по итна постапка се изнесени пред истражните органи и пред судија на претходна постапка.

Ноќта на 28 ноември, за време на прославата на албанското знаме, се слушаше пукање од автоматско оружје, огномети, чкрипење на автомобили низ центарот на Скопје, а сообраќајот беше блокиран кај подвозникот кај стоковната куќа „Мост“. Искршени автомобили беа пријавени и во другите градови каде што се славеше знамето на нашите сограѓани, Албанци.

Премиерот Христијан Мицковски по повод настаните кои ја вознемирија јавноста и ја доведоа во прашање нивната безбедност изјави дека имале сознанија за тоа што се случуваше и полицијата одговориле трезвено.

„Апелирам до македонските граѓани без разлика на етничката припадност да не дозволиме овие криминални групи кои се длабоко во своето политичко мочуриште, а беа седум години на властм да ја дестабилизираат нашата заедничка татковина Македонија, а ние како Влада дадовме трезвена и соодветна акција од страна на МВР и државничко однесување, за ова што се случи беа предупредени и нашите стратешки партнери и припадниците на меѓународните заедница, а информирани се и за она што, очекуваме во периодот да следува“, изјави премиерот.

Тошковски: Времето кога пајакот или кабелот беа криви, помина

Министерот за полиција смета дека полицијата одговорила професионално и зрело на настаните во кои  како што рече за среќа нема жртви и повредени.

„Нема да дозволиме подгревање на меѓуетнички тензии или обиди на дестабилизација кои претходно беа најавувани. МВР покажа зрелост и професионално одговоривме соодветно на настаните. Не се оствари посакуваното сценарио од некои, во кое би била инволвирана македонската полиција. Напротив, полицијата одговори брзо и ги расветливме настаните кои беа директно насочени кон достоинството на македонскиот граѓанин и во иднина нема да дозволиме директни напади врз нашата држава“, изјави министерот Тошковски и потенцира дека времето кога пајакот или кабелот бил крив, поминало, алудирајќи на случката кога полицајка беше нападната од функционер на ДУИ.

Полицијата ќе продолжи со идентификување и на други лица кои несоодветно се однесуваа на прославата која пак на некои места била, а на некои не била пријавена во полициска станица.

Ова не е прво и единствено сквернавење на државниот симбол

Денот на албанското знаме кој требаше да се обележи со културна почит кон националниот симбол на еден народ, за жал остави нецивилизирана дамка, со пукање од непознато оружје, нелегална пиротехника, сообраќајни прекршоци, искршени автомобили, скрнавење на соживотот.

Се почна од попладневните часови кога колона од возила со развиорени албански знамиња се движеа кон веќе познатите точки во градот каде се одвиваат националните прослави, плоштадот Скендер бег, Чаир и Бит пазар. По тапаните и зурлите, прославата отиде во друг правец па почнаа рафалите, националистичките пароли, се до инцидентот со кинење и шлајфување со автомобил врз македонското знаме. Подоцна на социјалната мрежа твитер се појавија видеата, на кој освен вандализирањето се гледаа и полициски комбиња кои очигледно не интервенираа. И кумановската полиција евидентираше инциденти за време на прославата, привеле дваесетгодишен жител на Липково поради непочитување на наредби од законот за безбедност во сообраќајот. Дел од граѓаните на социјалните мрежи  сведочеа за искршени ретровизори на паркирани автомобили.

И во минатото имало скрнавење на македонското знаме, пред повеќе од десет години стружанец го запали државното знаме пред општината и беше осуден на 5-месечна казна затвор. Знамето гореше и во Косово, во Гњилане и Пеќ, по изрекување на пресудите за случајот Диво насеље, а беше газено и во 1997 година на прославата за Илинден во Крушево.

Кривичниот законик во член 319, поради предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, предвидува за тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, казни со затвор од една до пет години. (П.А)

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ