Најмалку едно лице загина при пад на хеликоптер во Њујорк

71

Најмалку едно лице загина откако денеска хеликоптер се урна врз зграда на Менхетен, во Њујорк.

Како што јавуваат странските агенции, њујоршките пожарникари соопштиле дека нивните припадници се на местото на несреќата.

Околу зградата каде што падна хеликоптерот, во близина на Седмата авенија, има повеќе од десет амбулантни возила.

За несреќата е информиран и американскиот претседател Доналд Трамп.