Како што ветил така и го одржал ветувањето. Најуспешната македонска “Звезда Гранда”, прилепчанецот Ален Хасановиќ за сите пари, деновиве одлично се забавува во далечниот Дубаи каде летото веќе одамна е почнато. По терк на некои вистински селебрити и Ален знае што е добро, па како “јаготка на торта”, својот провод во Арапските Емирати го докомплетирал со тоа што се облекол како вистински шеик. И, секако дека срцето не му издржа па, сликата ја споделил со сите свои фанови и пријатели кои ги има ширум светот.
Веднаш почнаа да се редат коментарите, од оние дека му личи да биде шеик (само уште да знаеме кај му е нафтата?), до оној кој нам во око ни падна, а во кој на Ален му велат дека “сега треба да има седум жени”. Е, зошто баш седум останува енигма која се надеваме дека Ален ќе ни ја разреши откако ќе се врати дома. Или и нема потреба бидејќи ја има само за себе, таа едната во Македонија….Ален, па од премногу глава не боли, ама ти не се давај!
Д.М.