Натпреварувачите во Црна Гора не се откажуваат: Седум упорни лежат 18 дена во трка за 1.000 евра

1028

Во Црна Гора и годинава е организиран натпревар во лежење. На рекордниот 18-ти ден се натпреваруваат седум лица. Првиот ден ги имаше 21. Претходните години натпреварувањето најчесто завршуваше четвртиот или петтиот ден, а сега веќе трае 18.

„Цел живот слушаме шеги и приказни, па дојдовме до оваа интересна и смешна идеја да направиме натпревар. Видете што се случи, тоа веќе не е регионално туку меѓународно. Имавме луѓе од Украина, Русија“, изјави за N1 Борис Круниќ, еден од организаторите.

Годинава ја зголемија наградата, па сега победникот добива 1.000 евра.

Не знам дали тоа е причината зошто лежат во толкав број, но тие се упорни“, изјави Круниќ.

Натпреварувачите можат да стануваат на секои осум часа по 10 минути за да одат во тоалет и да имаат редовни оброци. Дозволени им се мобилни телефони, книги, лаптопи. Накратко, се што можат да направат лежејќи е дозволено.

Дубравка е една од седумте преостанати, а пред две години беше победничка. Таа вели дека аплицирала оваа година најмногу поради убедувањето на пријателите и семејството.

Четвртиот или петтиот ден телефонот станува досаден, повеќе време поминуваме разговарајќи еден со друг отколку на телефон“, вели Дубравка.

„До оваа година бев шампион во излежување, а работам две работи, работам како готвач и ова беше навистина добро за да се одморам“, додава Дубравка.

Друга натпреварувачка чекала три години за да се пријави и вели дека планира да се откаже кога ќе и здодее, но сè уште ништо.

„Не сум тука за тоа, туку за да се победам себеси. Ова е психолошка игра, не е само за наградата“, вели таа, додавајќи дека парите не се нејзиниот главен мотив.

„Да бидам искрен, не. Дојде моето семејство и ме молеше да станам и да ми даде илјада евра, но не. Сакам да победам, одам до крај, затоа и дојдов. Веќе се победив себеси затоа што мислев дека нема да издржам 18 дена, па затоа воопшто не се откажувам“, изјави таа.