Наполи против Арсенал

3

Освен за Лигата на шампиони, во петокот беше извршена и ждрепката за 1/4 финалната рунда во најмасовното клупско натпреварување, Лига Европа.

Убедливо, најголема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на двата натпревара помеѓу италијанскиот калчолигаш Наполи и лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

За разлика од лутиот градски ривал, тимот на Челзи имаше многу среќа при ждрепката и за противник го доби најпријатното изненадување во годинашното издание на ЛЕ, тимот на Славија од Прага.

Двојки за 1/8 финале: Вилјареал – Валенсија, Бенфика – Ајнтрахт Ф., Славија П. – Челзи. Наполи – Арсенал.

Двојки за полуфинале: Наполи/Ареснал – Вилјареал/Валенсија, Бенфика/Ајнтрахт – Славија П./Челзи.