Навивач се обложил на последниот тим во лигата и доби 100 илјади долари

109

Љубителот на хокеј Скот Бери од Мисури, во јануари се обложил дека Сент Луис ќе го освои Стенли купот. Тој вложил 400 долари, а сега ќе добие 100 илјади.

Во моментот на обложувањето на Бери, Сент Луис беше на последното место во лигата, а соодносот за трофејот беше 250 на 1.

Бери ги вложил парите кога бил во Лас Вегас. Тој првично имал намера да игра во казино, но одлучил д аги стави на облог за триумф во Стенли купот.

Кога го ставив облогот сите ми велеа: „О Боже, еден од најлошите тимови во лигата. Дали навистина го направивте тоа? Јас одговорив: Никогаш не се знае. Ова е хокеј, изјави Бери за „USA Today“.

Сент Луис ноќеска во решавачкиот меч за трофејот го победи Бостон на гостински терен со 4:1 и со вкупни 4-3 во серијата го освои Стенли купот.