Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал во писмо до „Players Tribune“ се осврна на својата кариера која ја заврши во ноември годинава по одигрувањето на финалето во Дејвис купот. Насловот на текстот е „Подарок“ и во него Надал пишуваше за детството, младоста, тениските почетоци, кариерата, проблемите.
„Не сум сигурен колку години имав тогаш, но мислам дека имав околу 12 години. Во тоа време сакав риболов. Го сакам морето, бидејќи сум од Мајорка, а во мојот случај, морето е дел од тоа чувство дека сум блиску до него, седам на карпите со семејството и пријателите, ми дава посебен мир и спокојство. Еден ден наместо на тренинг отидов на риболов, а следниот ден го загубив мечот. Се сеќавам дека плачев во автомобилот додека се враќавме дома, а вујко ми, кој имаше големо влијание врз мене во тоа време и кој ме воведе во тенисот, ми рече: „Во ред е, тоа е само тениски меч. Не плачи сега, нема смисла ако сакаш да ловиш риба, лови. Нема проблем, но ќе загубиш. Сакаш ли да победуваш? Ако сакаш да победуваш, тогаш треба да правиш што е потребно. Тоа беше важна лекција за мене. Ако луѓето ме гледаат како перфекционист, тоа доаѓа од внатрешниот глас кој ме повикува, како тој ден во автомобилот кон дома. Тој глас никогаш не ме напушти. Еден ден ќе можам да бидам на море. Денеска и утре морам да тренирам, пишува Надал.
„Мислам дека тоа е поврзано со мојот лик како Мајорканец. Моите херои беа луѓе кои ги познавав во реалниот живот. Но, кога имав 12 години, за првпат играв со Карлос Моја. Мојот сонародник, исто така од Мајорка, шампион на Ролан Гарос и првиот шпански тенисер што стана број Бев многу нервозен кога ги удирав топчињата со него. Тоа беше незаборавно искуство, прозорец во некој друг свет. Тогаш тенисот се трансформираше во нешто друго од она што беше претходно – само забава. Почнав малку повеќе да сонувам, еден ден можеби и јас ќе можам да играм на Ролан Гарос.
Тој се осврна и на проблемите со хронични повреди.
„Кога имав 17 години се повредив и ми рекоа дека веројатно никогаш повеќе нема да играм. Се вратив на професионалниот тенис. Научив дека работите можат да завршат за миг. Тоа не беше само мала скршеница на моето стапало, туку беше болест. Нема лек, само менаџирање што значи кога не можеш да одиш дома, но тоа беше огромна лекција за понизност. Среќен сум што имав татко, вистински модел во мојот живот, кој секогаш беше толку позитивен и рече: Ќе најдеме решение, а ако не го најдеме постојат и други работи во животот освен тенисот. Тие зборови тогаш не можев да ги процесирам, но фала му на Бога, после многу болки, операции и рехабилитации, решението беше пронајдено и сите овие години успевав да се изборам со тоа.
Надал се осврна и на тоа дека имал и психички проблеми.
„Имаше моменти кога ми беше тешко да го контролирам дишењето на теренот и не можев да го дадам својот максимум. Ние не сме суперхерои, туку луѓе. Со напорна работа успеав да ги надминам тие тешкотии и да се врати во форма”, напиша Шпанецот. кој во кариерата има освоено 22. Грен-слем титули.