Мицкоски ги доби на суд СДСМ И ИНТЕГРA

63

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски   успеа  да добие две тужби за клевета и навреда, поднесени против СДСМ и против лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски.

Според пресудата, СДСМ изнела невистини со изјавата дека ,,Во 2015 година, Груевски му доделил на Мицкоски и неговата фирма ,,Енерготек ДОО” 33.00 квадратни метри државно земјиште за изградба на хидроцентрали. Фирмата е 99% сопственост на Мицкоски, а не 7% како што ја лаже јавноста”.

Според судот, објава во која од СДСМ напишале „Антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“, согласно членот 6 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, претставува навреда. Мицкоски во случајот барал симболичен надомест од едно евро.

Со пресудата, судот му налага на СДСМ неа да ја објави во весник во рок од 15 дена од приемот, како и да му ги плати судските трошоци на Мицкоски во износ од 12 098 денари (200 евра) во рок од 15 дена од правосилност на пресудата.

Тужбата против Љупчо Ристовски од Интегра, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја доби поради изјави дека Мицкоски го продал името и бил уценет.