Министерството за здравство распиша тендер за набавка на 80.000 лубриканти

271

Министерството за здравство распиша тендер за набавка на 80.000 лубриканти, а
согласно програмата за заштита на населението од ХИВ инфекција. Јавниот оглас е распишан денеска во Бирото за јавни набавки, каде се дадени техничките спецификации.

Се работи за подмачкувачи изработени 100% на база на вода, без мирис, без вкус и без боја, без алкохол и без силикон,не петрохемиски производ. Пакување од 3мл до 5 мл, лесни за отворање и погодни за патување и секојдневна употреба. Рок на употреба најмалку од две години, сметано од денот на испораката.

Економскиот оператор да има обезбедено одобрение за запишување во Регистарот  на медицински средства издадено од Агенцијата за лекови и медицински средства -МАЛМЕД.

Како што стои во објавениот тендер главен критериум за доделување на договорот е најниската цена. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите.

Краен рок за доставување на понуди е 4.септември 2019 година во 12:00 часот во Министерството за здравство.