МЗТ Скопје го очекува тешко гостување во Словенија

9

Македонскиот кошаркарски вицешампион, екипата на МЗТ Скопје, денеска од 18 часот на гостувањето во Словенија кај Приморска ќе го одигра и третиот натпревар во рамките на АБА 2 лигата.

Тренерот на „сино-белите“ очекува многу тежок дуел против екипа која има квалитетен состав.

  • Со оглед на сите информации до кои дојдовме, екипата на Приморска дефинитивно е најсериозен кандидат за пласман во АБА лигата, а мислам дека во моментов имаат екипа која добро би играла во најдоброто регионално натпреварување. Квалитетно се пополнети на сите позиции, имаат екстра центарска линија и играат агресивно. Нормално, имаат и слабости во играта, кои ќе се обидеме да ги искористиме со максимално пожртвувана и агресивна игра, изјави стратегот на МЗТ Скопје.

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел помеѓу двете екипи, кои е избран за меч на колото во АБА 2 лигата.