Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Тој смета дека на овој начин пациентите ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.
Министерот Меџити информира дека има пациенти кои се обраќаат до Министерството за здравство, а дека потоа тие ги препраќаат до Обвинителството.