Менди му зема на Сити 10 мил. евра и ги издаде поранешните соиграчи

388
epa10122623 Manchester City and French soccer player Benjamin Mendy leaves Chester Crown Court in Chester, Britain, 15 August 2022. Mendy is facing trial for eight counts of rape, one count of sexual assault and one count of attempted rape, relating to seven women. Mendy denied accusations and has pleaded not guilty to all counts. EPA-EFE/PAUL CURRIE

Дојде до нова пресвртница во спорот Бенџамин Менди-Манчестер Сити, а поранешниот лев бек излезе како победник бидејќи треба да му биде платена огромна сума пари.

Менди може да биде задоволен бидејќи ќе му бидат исплатени најголем дел од 13,2 милиони евра што ги бара од „граѓаните“, кои престанаа да му плаќаат кога беше обвинет за силување и сексуален напад.

Судијата на Трибуналот за вработување, Џоан Данлоп, пресуди дека Менди поминал два одделни периоди во притвор, имено пет месеци од 22-месечен период.

За време на периодот во затвор, Сити имаше право да му ги суспендира платите, но кога не беше во притвор, тој беше подготвен и достапен за работа, што беше спречено со суспензијата наметната од ФА и условите за кауција, кои беа неизбежни.

Во тие околности, и во отсуство на договорни овластувања што му дозволуваа на работодавачот да ја задржи платата, тој имаше право на исплата, заклучи судијата.

Французинот во својата изјава рече дека само тројца сегашни или поранешни играчи на Сити му помогнале кога му било најтешко.

„Рахим Стерлинг, Бернардо Силва и Ријад Марез ми позајмија пари за да ми помогнат да ги платам правните сметки и да го издржувам моето семејство. Мојот живот засекогаш се преврте наопаку. Сите сме имале лежерни врски со други жени. Сите ги прекршивме ограничувањата поврзани со СОВИД-19, но мислам дека е неправедно Манчестер Сити да ме казни на начинот на кој тоа го направија. „Разликата меѓу мене и другите играчи на Манчестер Сити е во тоа што бев лажно обвинет за силување и јавно понижен“, изјави Менди.

На крајот, офанзивниот бек забележа 75 настапи за „граѓаните“. Последниот беше против Тотенхем во август 2021 година, а Менди сега игра за францускиот клуб Лориен.

 

ИЗДВОЕНИ