Мексикански тематски парк им нуди на посетителите да бидат илегални имигранти!

113

Благодарение на Американскиот претседател Доналд Трамп, тензијата меѓу САД и Мексико е постојано напната. Меѓу идеите за градење ѕид, депортирање на мигранти, и казнување на граничното обезбедување, станува се потешко Мексиканците да влезат во Соединетите држави, и многу поопасно. Доволен предизвик некој да се досети да направи необичен тематски парк во Мексико.
Навистина, во Мексико постои необичен тематски забавно-авантуристички парк им нуди на посетителите за дваесетина долари да почувствуваат на сопствена кожа како е да се биде илегален имигрант.
„Еко Алберто парк“ во Ел Албер им нуди на посетителите „комплетно ноќно доживување“ – од возење во претоварен камион, преку борба со кал, тунели, кањони, отровни билки, змии и пајаци, па се до “обид за преминување на границата“ со САД.
Карта за ова миграциско искуство се движи од 17 долари, колку што чини „стандардниот пакет“ до 24 долари за „екстремна верзија“ која трае пет часа.
Паркот исто така и понатаму во својата понуда ги има „ноќната прошетка“ и покрај тоа што илјадници луѓе од Централна Америка се обидуваат да влезат во САД.
Имиграцискиот забавен парк „ЕкоАлберто парк“ се наоѓа на околу 130 километри северно од Мексико Сити и оваа „атракција“ ја има во својата понуда од 2004 година.
Туристите прво ги сместуваат во камиони и ги возат до наводната граница, а тие потоа го следат Пончо, кој го глуми криумчарот. Се наведува дека туристите искусуваат пет отсто од она што вистинските мигранти го доживуваат во обидот за преминување на границата.
„Условите се сурови таму каде што одиме. Наидуваме на калливо мочуриште, кањони, отровни билки, змии, пајаци. Само замислете низ што се минуваат мигрантите – немаат вода, ни храна, а можеби токму во овој момент се превезуваат на покривот на некој воз или пешачат низ студена пустина, изјави човекот кој го глуми Пончо.
На „крајот од патувањето“ ги чекаат американски погранични патроли кои гонат „имигранти“. Секретарката на паркот Пурифасион Алварес изјави дека тие нудат „единствена активност која не може да се најде на друго место“.
„Целта е симулирање на она што имигрантите го доживуваат во обидот да ја преминат границата со САД, додаде таа. Еден од вработените изјави дека „Ноќната прошетка“ претставува „оддавање признание на сите имигранти“.