Мекгрегор се појави во судот: Жал ми е за своите дела!

23

Ирскиот УФЦ борец, Конор Мекгрегор, денеска се појави пред судот во Њујорк, каде против него се води процесот поради инцидентот кој го направи во април годинава.

Одличниот борец, по еден УФЦ спектакл во арената во Бруклин, фрлал предмети по борецот Нурмагомедов во подземниот паркинг, поради што беше уапсен.

Во друштво на Мекгрегор биле и десеттина негови колеги, а како резултат на нападот, двајца биле посериозно повредени – Мајкл Киеза и Реј Борг кои имаа исекотини по лицата и нивните средби беа откажани.

Ирецот набргу беше пуштен од притвор, откако плати кауција од 50.000 долари, додека во судот изрази жалење поради немилиот настан.

  • Жал ми е поради своите дела. Ја сфаќам сериозноста околу целокупната ситуација и се надевам дека се ќе се разреши, изјави Мекгрегор по појавувањето во судницата.

Мекгрегор како и неговиот пријател и учесник во инцидентот, Кијан Коули, се обидуваа да се објаснат пред судијата, но нивната судбина ќе биде позната на 26. јули, за кога е закажано ново рочиште.

Ирецот во октагонот последен пат се појави во ноември 2016 година, кога го совлада Еди Алварес, но појасот во лесна категорија му е одземен, бидејќи не договори ниту една борба за одбрана на тронот.