МВР: Разбиена терористичка група во струшко-гостиварскиот регион

108

Уапсени четврорица осомничени терористи во полициска акција во Струга и Гостивар. Приведените се македонски државјани и кон нив се поднесени кривични пријави од страна на МВР.

Сите се осомничени за членстов во терористичка организација,вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Четврорицата кои што се првично уапсени, биле во соработка со други лица кои не биле на територијата на Македонија.

Додаде дека осомничените подолг временски период биле следени од страна на надлежните безбедносни органи а македонската полиција имала помош и од меѓународните партнерски агенции , меѓународни служби и ангецијата за национална безбедност.

„Станува збор за терористичка организација, станува збор за четири лица кои што се првично лишени од слобода, овие лица во соработка со лица кои што не се на територија на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи во Македонија. Имаме доста докази во насока на потрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока на организираат во иднина однредени несакани настани кои што би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија така и на други држави.“ – Панче Тошковски.

Тошковски додаде дека нивната цел била да привлечат нови луѓе за членови на групата од овие простори кои понатаму би ги реализирале нивните цели. Мотивите биле поврзани со одредени групации а постојат соменија дека биле поврзани со групи кои имале подршка од одредени ектремистички и религиозни организации.

Во најновиот извештај на Стејт Департмент за тероризам во светото, Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот. Во извештајот се

Се наведува дека главните терористички закани во земјава биле главно поврзани со „претходно репатрирани странски терористички борци кои се вратиле од боштата во Сирија и Ирак, како и со домашен екстремистички тероризам“. Според податоците во докуметот 143 граѓани на Македонија патувале или се обиделе да патуваат во Сирија или Ирак за да се приклучат на терористички групи во изминатите години. Од тие 143 возрасни биле 133 мажи и 10 жени.

 

ИЗДВОЕНИ