Мбапе е наш син, а децата не се на продажба!

1

Зинедин Зидан се врати во редовите на Реал (М), а со него дојде и списокот со играчи кои би требало да се преселат на “Сантијаго Бернабеу” за време на летниот преоден рок. Французинот веднаш го информирал првиот човек на “кралскиот клуб”, Флорентино Перез, дека сака да го подмлади, обнови и оживее моментално недоволно квалитетниот и веќе потрошен тим.

Исто така, Реал (М) има потреба од нов “галактико”, суперѕвезда која по заминувањето на Кристијано Роналдо ќе ги мобилизира навивачите и спонзорите.

Секоја чест за Еден Азар, Пол Погба и Лукас Хернандез, но само еден играч ги поседува потребните карактеристики – Килиан Мбапе.

Зи-Зу прифати да се врати во Мадрид откако му беше ветено дека ќе добие проширени менаџерски овластувања. Тоа значи дека нема да се замара со опсесијата на Флорентино Перез, која се вика Неимар. Зидан сака сака втората ѕвезда на ПСЖ, а не веќе докажаниот “циркузант”.

Сепак, шефот на стручниот штаб доби и повеќе од жесток одговор од претседателот на актуелниот шампион на Франција, Насер Ал Келаифи.

  • Сакате да ви откријам за која парична сума ќе го продадам Мбапе? Не би го продал ниту за милијарда евра! Дури и некој да ми понуди таква парична сума, јас нема да ја прифатам. Мбапе нема цена, изјави Ал Келаифи.

Ништо помалку брутален не беше ниту спортскиот директор на “светците”, Антеро Хенрике.

  • Мбапе е син на ПСЖ, а децата не се продаваат, изјави Хенрике.

Можеби не се продаваат, но се купуваат, а ПСЖ за својот “син” на Монако му исплати 180 мил. евра.