Марсијал и дефинитивно го напушта Манчестер (Ј)

16

Францускиот репрезентативец Антони Марсијал е првиот фудбалер кој си заминува од Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

Такво нешто беше најавено уште во текот на сезоната, но овој пат агентот на напаѓачот официјално го известил раководството на клубот за одлуката на Марсијал.

Откако ги разгледа сите можности и сценарија, Антони објави дека сака да си замине од Јунајтед. Клубот имаше желба да го продолжи договорот, но по неколку месечни преговори се спогодивме и тој ова лето ќе ја смени средината, изјави, меѓу другото, агентот Филип Ламболеј.

Марсијал се наоѓаше во немилост на менаџерот Жозе Мурињо, но неговата минутажа дополнителна падна по доаѓањето на Алексис Санчес. Најзаинтересиран за неговиот потпис беше Јувентус, но неизвесно е дали уште постои интерес од италијанскиот шампион.