• ​​
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • СКОПСКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КУЛТУРА
  • LIFE
  • ЗАБАВНА
  • СПОРТ
    • ФУДБАЛ
    • КОШАРКА
    • РАКОМЕТ
    • ОСТАНАТИ СПОРТОВИ
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Претплата
  • Архива
  • Контакт
Menu
Thursday, February 21, 2019
Follow on Facebook Follow on Twitter Follow on Google+ Follow on Youtube Follow on Instagram
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Претплата
  • Архива
  • Контакт
Вечер
  • ​​
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • СКОПСКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КУЛТУРА
  • LIFE
  • ЗАБАВНА
  • СПОРТ
    • ФУДБАЛ
    • КОШАРКА
    • РАКОМЕТ
    • ОСТАНАТИ СПОРТОВИ
  • Home
  • МАКЕДОНИЈА • РАЗНО
  • Манчевски гарантира: Администрацијата ќе се преброи до крајот на март
МАКЕДОНИЈА, РАЗНО

Манчевски гарантира: Администрацијата ќе се преброи до крајот на март

22 February, 2018
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+

Јавниот сектор мора да ги внесе податоците во регистарот, инаку не ќе може да исплаќа плата

 

По низа најави и одложувања, колку вработени има во јавната администрација, според министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ќе се знае до крајот на наредниот месец.

– До законски предвидениот рок, а тоа е крајот на март, МИОА ќе излезе со детален извештај за вработените во јавниот сектор. Да бидам искрен, оставивме повеќе простор заради состојбата во собранието, не можевме на време да го донесеме Законот и казните да се применуваат со малку одложено дејство. Но, како Министерство гарентираме дека на крај на март ќе излеземе со детален извештај, не само за бројката, туку со целосен извештај за јавниот сектор, рече Манчевски и додаде дека регистарот воспоставен пред две години, платен над два милиона евра не ги дава потребните информации бидејќи не бил дизајниран да го дава бројот на вработени.

Министерот не дава конкретен одговор дали ќе има отпуштања од работа, ако ова пребројување покаже дека има вишок вработени во јавната администрација.

Според него, моменталната ситуација е таква што од вкупно 1.303 институции од јавниот сектор, во регистарот што се води во МИОА податоци не внеле 259 и со нив активно се работи. Од нив 173 немаат побарано согласност од МИОА и немаат активна систематизација, а 86 не внеле податоци за вработените иако имаат одобрена систематизација.

Како што информираат Манчевски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на институциите им се дава рок од три месеци да да ги внесат податоците за своите вработени во инфоматичкиот систем за управување со човечки ресурси. Ако не го направат тоа, нема да можат да им исплатат плата на вработените, зашто, како што појаснува Лукаревска, при поднесување на пресметките ќе се појави грешка во системот на Управата за јавни приходи.

– Препорачуваме пред да почне примената на новите законски одредби, односно во претстојните три месеци работодавачите од јавниот сектор да извршат целосно пополнување на податоците во регистарот со што ќе се избегне појава на грешка при вршењето на контролата на податоците од страна на УЈП, изјави таа.

Манчевски вели дека целосно ажуриран и пополнет регистар ќе даде јасна слика за моменталната состојба во администрацијата, за бројот на слободни работни места, старосната структура, бројот на лица кои се пред пензија и многу други податоци.

– За пополнувањето на слободните работни места ќе може да се најде соодветен кадар кој ги исполнува потребните критериуми и ќе може да се преземе од трансфер листата. МИОА нема за цел да ги казнува институциите, но мора да обезбедиме регистар што конечно ќе ги содржи сите информации и ќе ја исполни улогата за која е скапо платен, рече тој.

Во следниот период секој вработен ќе има пристап до регистарот и ќе може да провери дали се внесени неговите податоци, ќе се организираат дополнителни обуки за институциите од јавниот сектор, ќе се побара реакција од Државниот управен инспекторат за раководителите на институциите кои не ги внеле податоците, а на веб-страницата на МИОА ќе бидат објавени сите оние институции кои ги немаат внесени податоците во регистарот.

(С.В.)

РАМКА

Н Институциите да им ги платат надоместоците на вработените

 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски им препорачува на институциите веднаш да им ги исплатат средствата за степен на кариера на вработените, а оние кои немаат пари, да се договорат со нив за динамиката на исплата. Исто така, ги повика институциите кои ги изгубиле сусдските спорови за овој проблем да не поднесуваат жалби, зашто така се трошат многу народни пари.
–  Имавме заклучок на Влада во кој се дава препорака до институциите да ги исплаќаат надоместоците. Бараме раководните лица во институциите и вработените да седнат и да се договорат за динамиката на исплата на овие средства. Разбираме дека луѓето се ослободија и почнаа да ги бараат своите права, но исто така бараме разбирање од нив бидејќи преку ноќ во сите институции не ќе може да се исплатат овие средства. Во некои институции се работи за трошоци во висина од 10 проценти од нивниот буџет и сериозен е товарот што треба да го преземат, рече Манчевски.

Previous ArticleПред четири години имаше сташна несреќа, а сега е најсекси спортистка во Пјонгчанг!
Next ArticleВо театарот се е можно, па и една мува да го разоткрие ремек-делото на Пикасо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

  • МАКЕДОНИЈА

    На Мицкоски не му дозволија да го види Јанакиески во ГОБ „8-ми септември“/Видео

  • МАКЕДОНИЈА

    ГОБ „8-ми Септември“: На Јанакиески не му се констатирани телесни повреди

  • МАКЕДОНИЈА

    Од затвор „Скопје“ го потврдија инцидентот со притворените Јанакиески и Ристовски

  • МАКЕДОНИЈА

    Заев: Во важните работи за државата треба да учествува и опозицијата

  • МАКЕДОНИЈАТОП

    ОЈО: Закани за возачот на автобусот од несреќата кај Ласкарци

  • МАКЕДОНИЈА

    Барањето за одземањето на имунитетот на Вељаноски вратено во Собранието

Ad

ШТОТУКУ ОБЈАВЕНО

  • На Мицкоски не му дозволија да го види Јанакиески во ГОБ „8-ми септември“/Видео
  • Кошаркарите „преживеаја“ во Романија
  • Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист
  • Урната статуата на полски свештеник поради обвинение за педофилија
  • ГОБ „8-ми Септември“: На Јанакиески не му се констатирани телесни повреди

Насловна

  • Број 16.964

    Број 16.964

Фото на денот

  • Мал одмор

    Мал одмор

Фељтон

  • ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Горги Павлов Лазаров (33)

    ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Горги Павлов Лазаров (33)

ТОП 3 ВЕСТИ

  • На Мицкоски не му дозволија да го види Јанакиески во ГОБ „8-ми септември“/Видео
  • Кошаркарите „преживеаја“ во Романија
  • Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист

Архива

  • February 2019
  • January 2019
  • December 2018
  • November 2018
  • October 2018
  • September 2018
  • August 2018
  • July 2018
  • June 2018
  • May 2018
  • April 2018
  • March 2018
  • February 2018
  • January 2018
  • December 2017
  • November 2017
  • October 2017
  • September 2017
  • August 2017
  • June 2017
  • February 2017
  • January 2017
  • December 2016

ПОВРЗАНИ

МАКЕДОНИЈА

На Мицкоски не му дозволија да го види Јанакиески во ГОБ „8-ми септември“/Видео

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не успеа да го посети Миле Јанакиески кој денес беше нападнат во притворското одделение во Истражниот

Posted on 21 February, 2019
КОШАРКАСПОРТТОП

Кошаркарите „преживеаја“ во Романија

Македонската кошаркарска репрезентација се пласираше во главната фаза од квалификациите за Европското првенство во 2021 година, иако на гостувањето во Плоешти

Posted on 21 February, 2019
Follow us on Instagram

НАЈНОВИ ВЕСТИ

  • 21 February, 2019
    На Мицкоски не му дозволија да го види Јанакиески во ГОБ „8-ми септември“/Видео
  • 21 February, 2019
    Кошаркарите „преживеаја“ во Романија
  • 21 February, 2019
    Јас сум Јанис Бутарис и веќе 28 години сум чист

Вечер на Social Media

  • Facebook
  • Twitter
  • Google+
  • Instagram
  • YouTube

КОНТАКТ

  • Редакција: 3219-650
  • Маркетинг: 3219-652
  • E-mail: info@vecer.press

КАТЕГОРИИ

  • LIFE(2,385)
  • БАЛКАН(3,794)
  • ВИДЕО(6)
  • ЕКОНОМИЈА(7,257)
  • ЗАБАВНА(2,272)
  • КОЛУМНИ(136)
  • КОШАРКА(1,353)
  • КУЛТУРА(3,819)
  • МАКЕДОНИЈА(15,242)
  • ОСТАНАТИ СПОРТОВИ(2,289)
  • РАЗНО(2,660)
  • РАКОМЕТ(1,157)
  • СВЕТ(6,117)
  • СКОПСКА(2,909)
  • СПОРТ(7,412)
  • ТОП(4,483)
  • ФУДБАЛ(3,865)
© Вечер Прес, сите права задржани
Сите содржини и објави на vecer.press се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.
Редакцијата на vecer.press не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Oбјавените содржини се авторска сопственост на vecer.press