Малолетник добил струен удар во обид да вклучи улично осветлување

5

Дванаесетгодишно момче од село Љуботен, Скопско, добило струен удар откако се обидело да приклучи улична светилка. Настанот се случил во вторникот попладне, а повреденото момче било итно пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски” и било хоспитализирано.

-Според пријавата, детето се здобило со повреди од струен удар околу 16:20 часот во селото во моментот кога се обидувало да вклучи канделабар за улично осветлување, монтирана на дрвена бандера, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.