Мала станица: „Магла“ на четворица странски уметници

92

„Магла“ е насловот на изложбата која ќе се отвори на 13 јуни со почеток од 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица.

Изложбата е под кураторство на Израелецот Ави Лубин, кој е и овогодишен куратор на израелскиот павилјон на Венецијанското биенале. Учесници на изложбата се четворица косовски и еден австриски уметник (Луан Бајрактари, Газменд Ејупи, Дритон Селмани, Алберт Алгајер и Фатмир Мустафа – Карло).

„Концептот на ‘Магла’ е поврзан со неколку прашања кои се актуелни и за нашата држава, и тоа: Што се подразбира под тоа да бидеш делумно признаена држава? Што значи да бидеш оспорена територија? Оваа изложба, во време на геополитички стрес, фрустрацијата со политичкиот моментум и нестабилност, кога не знаеш што да очекуваш и како да се однесуваш, бара да размислуваш за потенцијалот кој го содржи оваа маглива реалност и да размислуваш за фактот дека недостатокот на јаснотија може да создаде нови патеки на гледање“, стои во најавата кон изложбата на Националната галерија.