Малата Софија го украде шоуто на Модриќ

92

Најдобриот фудбалер на денешницата, Лука Модриќ, Новата година ја прослави со својата фамилија, а најверните фанови ги разнежни со фотографиите на кои позира со сопругата Вања и децата Иван, Ема и Софија.

Откако како полн погодок се покажа фотографијата која ја постираше за време на божикните прзници, каде сите позираа во идентични пижами, фудбалерот на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), постигна “хет-трик” и со новогодишната честитка.

На фотографијата, фамилијата Модриќ позираше држејќи чаши со шампанско, а најмалата ќерка Софија, која има само една година, околу вратот го имаше медалот кој го освои нејзиниот татко.

  • Среќна Нова година, напиша одличниот играч за врска.

Репрезентативецот на Хрватска објави уште две фотографии, една каде фамилијата позираше пред новогодишната елка, а на другата, Модриќ позираше со сите трофеи кои ги освои во изминатата сезона, каде под сликата напиша: “Каква година”.

Постираните фотографии за помалку од 24 часа заработија повеќе од 1.5 милиони лајкови, а најверните фанови, освен честитките за Новата година му пишуваа дека се многу горди на сите негови успеси.

  • Ова беше година на Модриќ, одлична работа, браво Лука, ти си вистински пример за цел Балкан, цар останува цар, без разлика колку е понижуван, браво Лукита, се само дел од коментарите кои беа постирани под неговите фотографии.