Македонските одбојкари за прв пат во историјата се пласираа на ЕП

8

Македонската одбојкарска репрезентација се пласираше на своето прво Европско првенство, откако во СЦ „Кале“ славеше над селекцијата на Унгарија со 25:21, 25:20, 25:21.

Ова е прв пласман на еден голем континентален собир на популарните „Спартанци“ од осамостојувањето на нашата држава. Европското првенство ќе се одигра во септември годинава, а домаќини ќе бидат Франција, Белгија, Холандија и Словенија.

Инаку, важно е да се напомене дека претходно селекциите на Летонија и Шведска завршија голема работа за нас со победите над Израел (3:1), однсно Азербејџан (3:0), па така, „црвено – жолтите“ сами одлучуваа за билетот на ЕП, што на крајот и го трасираа патот до големиот собир.

Најефикасен во нашиот состав беше капитенот Никола Ѓорѓиев, додека 14 запиша Љафтов.