Македонските и бугарските поети заедно ги претставија своите дела во КИЦ на С Македонија во Софија

97
 Со посебен интерес помина промоцијата на новата книга на поетот, јавен деец и поранешен амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев – „Создавање“, што се одржа во салата на КИЦ на Северна Македонија во Софија, јави дописникот на МИА од Софија.
Пред присутните Ѓорчев посочи дека сите теми кои ги избрал во стихозбирката ги избрал преку природата, бидејќи во неа има мотиви за љубовта и географијата.

Потоа директорот на издавачката куќа „Макавеј“ Бранко Цветковски ги претстави „Лирските музи на Бугарија“.

За време на промоцијата тој изрази надеж дека и некоја бугарска издавачка куќа ќе направи слично издание за македонските поети, како што „Макавеј“ и ги претстави на македонската културна заедница бугарските поети.

За време на литературната вечер современите македонски и бугарски поети, меѓу кои и Надја Попова, Сузана В. Спасовска, Роза Бојанова, Наташа Сарџовска, Ангела Димчева, Сузана Мицева,  Наталија Неделкова, Ана Стојановска, Поли Муканова, Ива Дамјановски, Емилија Авгинова, Билјана Стојановска, Виолета Христова и Маја Панајотова ги претставија своите стихозбирки кои предизвикаа силен интерес кај присутните во КИЦ на Софија.

Беше врачена и наградата „Македонски книжевен Дедал“ на Маријан Петров, кој истакна дека преку творештвото и литературата се постигнуваат најдобрите врски меѓу државите и народите.

Настанот се одржа со поддршка на македонското Министерство за култура.

На последниот ден од културниот настан ќе се спроведе посета на спомен-куќата на Пејо Јаворов во Софија.